Евгенија Ивановска секој ден одвојува време за себе и негата, смета дека убавината на една девојка има свои предности во отворање на вратите кон деловниот свет, и настојува секогаш да изгледа пристојно и професионално.
„Секој се облекува онака како што сака да се претстави пред другите. Мојот стил на облекување е во процес на континуирано дооформување, и се надевам, усовршување. Во текот на денот преферирам спортски стил, а за вечерните излегувања секогаш избирам елегантна варијанта“, вели Евгенија.
Инспирација за стилот за неа е Одри Хепберн, но како што вели, инспирацијата за модните додатоци и другите модни идеи ја пронаоѓа во различни личности без разлика дали тие се познати или личности од нејзиното опкружување.
Прво што забележува кај претставниците од спротивниот пол е насмевката.
Евгенија ги сака книгите, а една од омилените ѝ е „Алхемичарот“ на Пауло Коелјо.
„Во својата книга, Коелјо вели кога нешто силно посакуваш, целиот универзум прави заговор за да ти ја исполни таа желба. Дефинитивно тоа е моето мото што ми дава голем оптимизам за сѐ“, вели Евгенија.