Судство

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд поднесе обвинение против Емил Јакимовски кое се однесува на заканите кон неговата поранешна сопруга, но и кон новинарката Мери Јордановска. Но, според официјалното соопштение на Обвинителството резултатите од вештачењето спроведено по наредба на јавниот обвинител во текот на истражната постапка покажале дека обвинетиот ги сторил делата во состојба на битно намалена пресметливост за да го сфати значењето на делото и да управува со своите постапки.

24 Јануари 2020 - 14:24

Одбраната на осомничениот во случајот на СЈО „Империја“ бизнисменот Јордан Камчев денеска пред Апелациониот суд побараа да му се вратат пасошите на Камчев. Адвокатите во образложението наведоа дека тој веќе неколку пати ја користел претходно издадената времена исправа за патување, што покажува дека нема да бега, а нуди и гаранција од три милиони евра.

23 Јануари 2020 - 23:31

Во текот на вчерашниот ден, во медиумите беше објавено дека в.д. претседателот на Врховниот суд, во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, затекол триесетина стари предмети кои биле со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.

23 Јануари 2020 - 19:43

Кичевскиот основен Суд, на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му одреди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело. Веста за Алсат М ја потврди неговиот адвокат Бесник Асани, кој вели дека во оваа постапка е прекршен Кривичниот законик.

23 Јануари 2020 - 18:55

Обвинетиот Бојан Јовановски се наоѓа во притвор шест месеци и е однесен на преглед 60 пати. Тоа е тортура и ја претвора мерката притвор во казна. Ова го наведе одбраната на обвинетиот Јовановски, образложувајќи ја денеска пред Апелацискиот суд Скопје, жалбата по продолжената мерка притвор по точка 1, опасност од бегаство.

23 Јануари 2020 - 15:08

До крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде позната во целост методологијата според која ќе се утврдува имотната состојба на судиите. Притоа, низ процесот нема да минат сите судии, туку само оние што ќе се најдат на „списокот". Списокот го изготвува Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со Републичкиот судски совет (РСС).

23 Јануари 2020 - 12:49

Речиси и не поминува рочиште за „Рекет" без јавноста да го чуе гласот на обвинетиот Боки 13 кој постојано укажува на судот за неговата лоша здравствена состојба. Иако, за разлика од првите судски рочишта, обвинетиот Јовановски денес изгледа подобро, тој пред судот тврди дека нема подобрување на неговото здравје, и дека состојбата му е влошена. За периодот од половина година колку што е во притвор, Јовановски денес пред јавноста се пожали дека бил носен на прегледи 55 пати.

23 Јануари 2020 - 11:47

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и денес како и минатиот пат на судењето за „Рекет" во судница беше без одбрана. Нејзините адвокати, Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска беа отсутни и на денешното закажано рочиште поради нарушена здравствена состојба. Но, и покрај нивното отсуство , обвинетата Јанева е децидна, вели има бранители.

23 Јануари 2020 - 11:14

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Рекет". Минатото рочиште се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.

23 Јануари 2020 - 08:08

Во моментот на примо-предавањето на функцијата во кабинетот на поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски беа затечени триесетина стари предмети кои беа со донесени одлуки, делумно потпишани од судиите, а делумно не.

22 Јануари 2020 - 14:39

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по тоа,

22 Јануари 2020 - 14:29

Уставниот суд на денешната втора седница ги разгледа иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина и посебно за членот 2. Ставовите на уставните судии се поделени. За едни иницијативата треба да се отфрли како неоснована, додека според други Законот е противуставен и иницијативата на може да биде отфрлена.

22 Јануари 2020 - 11:35

Кривичниот суд им изрече ослободитена пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион" за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата. Судијата Влафдимир Туфегџиќ двасетина минути ја обрзложуваше пресудата. Со аплауз беше дочекана одлуката од  Миќо Насковски, Марјан Маџовски и Горан Стојков, Ѓорги Хаџимицев и Цветан Дамјановски.

21 Јануари 2020 - 15:04

По неколкумесечно одлагање, неделава двајца врховни судии се очекува да реферираат за два предмета од случајот на СЈО „Тенк". Едниот предмет пред колегите ќе го изнесе судијата Ристо Катавеновски, а во него се бара највисокиот суд да ја преиспита двегодишната затворска казна за Никола Груевски, како и за поранешниот-помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на четири и пол години затвор, објави БИРН.

21 Јануари 2020 - 12:19

Сериозна, но минлива е здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски во предметот за уривањето на комплексот „Космос", соопшти денеска неговиот адвокат Јовица Страшевски, откако денешното рочиште се одложи за 6-ти февруари годинава.

20 Јануари 2020 - 11:55

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе