петок, 27 декември 2024

Емилија Розман

Објавено на

часот

Сподели

 

Кој е твојот најголем успех досега?
Титулата Мис Словенија за Мис Глоуб интернешнел 2009., Мис боди на Мис Балкан, финалето на Мис Медитераниан 2011., успешноста на мојот проект во рамките на Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности. Навистина не би можела да издвојам, секој успех ми е драг на свој начин.

Што значи успех за тебе? Успешна жена?
Под успех подразбирам остварување на сите свои соништа, желби и цели. Додека успешна жена е секоја што знае како да го постигне тоа.

Жена-идол?
Мајка ми, секако. Па зарем не го гледа секоја девојка својот идол во мајка си? Идоли не треба да ни бидат девојките што се презентираат на насловните страници – тие се производ на разни хируршки зафати, а пред сè на фотошоп. Идол треба да ни биде личноста што ни го покажала светот, нè научила како да се бориме во него и ни го покажала вистинскиот пат.

Кои се твоите трикчиња за убав изглед?
Задолжително симнување на шминката пред спиење и секојдневна нега на лицето со разни креми и тоници. Тоа е најубавиот начин да му се заблагодарите на вашето лице за сите тортури што ги претрпува.

Диета? Или не ти е потребна никогаш?
Не практикувам никакви диети. Многу поздраво е да се јаде умерено и да се вежба отколку да се изгладнува организмот. Многу е подобро, наместо да ги идеализираме слабите девојки што секојдневно ги гледаме на екранот и во разни реклами, да застанеме пред огледалото, да се погледнеме и да почнеме да учиме како да се сакаме себеси такви какви што сме, со сите наши доблести и маани.

Хоби и спорт?
Веќе 10 години сум активен волонтер на Црвениот крст, цело слободно време и преостаната енергија ги насочувам кон тоа. Порано тренирав кошарка, но некако времето ги менува интересите, па од терените завршив на модната писта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ