петок, 18 октомври 2024

Зврлевски: „Случајот Нешкоски не е забошотен“

Објавено на

часот

Сподели


„Јавното обвинителство по овој кривично-правен настан во целост се има произнесено. По целосно спроведена објективна и сестрана истрага  е поднесен обвинителен акт кој резултираше и со првостепена пресуда“, рече Зврлевски.

Во текот на истрага биле разгледани сите искази на сведоците на кои се повикуваат оштетените.

„Дополнително од нивна страна е поднесена кривична пријава која е разгледана и е отфрлена заради немање нови докази кои би укажале на вмешани други лица во нанесувањето на повредите, ниту пак постојат докази дека некој нешто сакал да прикрие“, нагласи Зврлевски.

Кривичниот суд во Скопје на 16-ти јануари годинава му пресуди 14 години затвор на припадникот на специјалната единица „Тигри“, Игор Спасов, за убиството на Мартин Нешковски.

Судот го прогласи за виновен за убиство со умисла.

Според обвинението, Спасов го претепал Нешковски поради банална причина додека на плоштадот се прославувала победа на предвремените избори лани во јуни.

Семејството на Нешковски не е задоволно од изречената пресуда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ