сабота, 27 јули 2024

„Ѕвездена терезија“ – поетска визуелизација на десет песни од Влада Урошевиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Девојка што се буди од сон“ го има изгубено „Компасот на сонот“ и ве носи во „Ѕвездени овоштарници“ за да го вкусите „Вкусот на ѕвездите“ и еден „Стар ѕвезден пијалак“. Доколку почувствувате „Нерамнотежа“ не се чувствувајте како „Лудаци во опсерваторија“. Без „Паника“, клуч за „Ноќните соништа“ се „Вечерните игри“.

Учесници во проектот се Енџи Николоска – актерка и Христијан Крстевски – апсолвент на катедрата за театарска и филмска драматургија (ФДУ-Скопје).

Во разговорот за проектот учествуваа проф. Влада Урошевиќ, Влатко Мартиновски, професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Енџи Николоска-актерка.

„Ѕвездена терезија е авангардна визуелизација на културното наследство и свој начин на читање на поезијата на проф. Урошевиќ. Овој проект за мене, како млада актерка е многу значаен. Процесот кај мене допринесе дополнително себеистражување. Уметностите не треба да се двојат, според мене не треба актерите да ги гледаме само на сцена, сликарите во ателје… Ние сме поврзани, уметноста е таа која нѐ поврзува и не поставува граници па затоа и не треба да се ограничуваме. Пишаниот збор сам по себе создава слика. Се одлучив за ‘Ѕвездена терезија‘ затоа што при самото читање ве носи во еден друг свет, друга реалност поразлична од оваа тука. Резултатот кој се доби е всушност она што се случува кога сме помеѓу два различни света. Мое мислење е дека треба да се обрне внимание на поезијата, таа може да ве насочи, да ве ослободи од стеги. Поезијата е есенција на животот. Многу сум благодарна на проф. Урошевиќ кој од самиот почеток ја даде поддршката за овој проект. Сакам да ја се заблагодарам и на проф. Влатко Мартиновски и проф. Синоличка Трпкова, за поддршката која постојано ја даваат на младите“, рече актерката Енџи Николоска.

Професорот Влада Урошевиќ вели дека она што му се допаѓа е тоа што фотографиите не се илустративни, не е буквално претставено она што се чита и оти тоа е за пофалба.

„Ова е втор проект, втора поетска визуелизација на поезија. Минатата година тие направија аудиовизуелизација на стиховите на Блаже Конески-‘Скриена смисла‘, сега ‘Ѕвездена терезија‘ е уште едно нивно видување и читање, што е за пофалба, како наоѓаат начин да го прикажат она што тие го читаат и гледаат, се надевам дека во скоро време ќе се направи и видео по мотиви Ѕвездена терезија“, вели проф. Влатко Мартиновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ