Феникс и Сан Антонио одиграа два меча по ред, двата ги доби тимот од Тексас, овојпат тоа беше уште поубедливо, со двоцифрена разлика.
Сан Антонио одигра доминантен натпревар, имаше позитива и од 27 поени разлика. Феникс во ниту еден момент не беше во предност, но успеа да се врати во последниот период кога изедначи на 116-116. Сепак гостите не дозволија пресврт, имаа подобар финиш на мечот и на крајот славеа со 132-121.
Играч на вечерта беше Виктор Вембанјама, младиот кошаркар на кој му се предвидува голема иднина доминираше во овој натпревар. Постигна 38 поени, имаше и 10 скокови.
Најдобар кај Феникс беше Букер со 31 поен, имаше 13 асистенции и му фалеше само еден скок за трипл-дабл, имаше девет.
Резултати:
Филаделфија – Торонто 114-99
Њу Орлеанс – Детроит 125-116
Јута – Орландо 113-115
Феникс – Сан Антонио 121-132