сабота, 27 јули 2024

Зверев со пресврт го победи Руне во уште еден маратонски меч на Ролан Гарос

Александер Зверев со 3-2 (4-6, 6-1, 5-7, 7-6, 6-2) го победи Холгер Руне во меч кој траеше повеќе од четири часа и се играше до доцна во ноќта.

Објавено на

часот

Сподели

Зверев во одлична форма пристигна на Ролан Гарос, по освоениот турнир во Рим. Па според многумина важи и за главен фаворит за освојување на трофејот во Париз, но вчера имаше тешка задача против Руне.

Данецот одлично го отвори мечот, го доби првиот сет со 6-4, а на тоа одговори Зверев со речиси перфектен сет, беше 6-1 за израмнување на 1-1.

Следуваше нов сет за Руне, данскиот тенисер беше подобар со 7-5 и дојде до ново водство овојпат од 2-1.

Во четвртиот сет се играше тајбрејк кој го доби Зверев со 7-2 и изедначи на 2-2. Во петтиот решавачки сет, Германецот беше подобар со 6-2 и го доби мечот со 3-2 во сетови.

Тоа беше последниот осминафинален дуел, познати се сите четвртфинални двојки.

Ролан Гарос четвртфинале:
Ѓоковиќ – Руд
Зверев – Де Минор
Циципас – Алкараз
Димитров – Синер

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ