сабота, 27 јули 2024

Зверев преку Де Минор до полуфинале со Руд

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако со 3-0 во сетови, односно 6-4, 7-6 и 6-4 го совлада Алекс де Минор.

Објавено на

часот

Сподели

Зверев во првиот сет направи брејк во третиот гем, но потоа следеше одговор од Де Минор. Сепак, Германецот уште еднаш му го одзема сервисот и славеше со 6-4.

Голема драма беше забележана во вториот сет во кој Де Минор имаше предност со 4-0, но потоа Зверев успеа да направи пресврт и да слави со 7-6.

Третиот сет беше идентичен како првиот и заврши во корист на Зверев кој се пласира меѓу четирите најдобри играчи на турнирот.

Зверев ќе се бори против Каспер Руд за пласман во финалето на турнирот во Париз.

Другата полуфинална двојка е Алкараз – Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ