сабота, 27 јули 2024
Ролан Гарос

Зверев го победи Руд и стана вториот Германец кој ќе игра финале на Ролан Гарос

Александар Зверев ќе го предизвика Карлос Алкараз за трофејот во Париз откако синоќа со 3-1 во сетови го совлада Каспер Руд.

Објавено на

часот

Сподели

Второто полуфинале на овогодишното издание на Роланд Гарос беше талично за Александар Зверев.

Тенисерот од Германија доживеа неуспех во овој дел од турнирот во 2021, 2022, 2023 и конечно во четвртиот обид се избори за финале.

Натпреварот не почна добро за него, Каспер Руд одигра маестрално во првиот сет и за нешто повеќе од триесет минути поведе со 0-1.

Но во продолжението од мечот, Александер Зверев презеде се во свои раце, прикажа фантастичен тенис, ги доби следните три сета и славеше со 3-1 за свое прво финале на единствениот Грен слем на земјена подлога.

Тој исто така стана само вториот Германец по Михаел Штих (во 1996 година), кој ќе игра финале на Ролан Гарос.

„Многу сум среќен што конечно ќе играм финале, ќе го дадам максимумот во недела“ – рече Александар Зверев по победата над Каспер Руд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ