сабота, 27 јули 2024

Зверев го елиминираше Алкараз од Австралија опен

Александер Зверев со 3-1 во сетови (6-1, 6-3, 6-7 и 6-4) го победи Карлос Алкараз и се пласираше меѓу најдобрите четири на Австралија Опен.

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз беше втор носител на грен-слем турнирот и голем фаворит против Зверев, но работите во Мелбурн денеска не се одвиваа како што тој посакуваше.

Зверев одигра перфектен меч, беше моќен во најголем дел од дуелот и заслужено го совлада Алкараз.

Германскиот тенисер почна фуриозно, го доби првиот сет со 6-1, вториот со 6-3 и поведе со 2-0 во сетови.

Интересно беше во третиот сет кога при водство од 5-3, Зверев сервираше за меч, тогаш Алкараз се крена, направи брејк, а потоа во тајбрејк беше подобар со 7-2 и успеа да намали на 2-1 во сетови.

Откако се врати во игра, се очекуваше да продолжи неговиот подем во мечот, но Зверев покажа дека не беше случајно добар во претходниот дел од дуелот, го доби четвртиот сет со 6-4 и славеше со 3-1.

Во полуфиналето Зверев ќе игра против Данил Медведев. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Ѓоковиќ и Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ