вторник, 21 јануари 2025

Зверев е првиот полуфиналист на Австралија опен

Вториот светски рекет во овој момент, Александер Зверев со 3-1 во сетови го доби четвртфиналниот дуел против Томи Пол и се пласира меѓу четирите најдобри на Австралија опен.

Објавено на

часот

Сподели

Првите два сета од мечот беа исклучително неизвесни, и во двата се играше тај-брејк, но двата тајбрејка убедливо ги доби Зверев, првиот со 7-1, вториот со 7-0.

Третиот сет му припадна на Томи Пол со убедливи 6-2, но во четвртиот Зверев беше уште поубедлив, го доби со 6-1 и ја завери победата од 3-1 во сетови.

Зверев во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ