сабота, 27 јули 2024
Марјана Дода

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Зошто првиот албански премиер на техничката влада во Македонија не е историски настан

Талат Џафери, поранешниот претседател на македонското Собрание, е избран за премиер на техничката влада на Северна Македонија. Талат Џафери беше избран за премиер со 65 гласа „за“ и 3 „против“, со што влезе во историјата како прв Албанец кој ја раководи владата на Maкедонија, иако со мандат од 100 дена. Техничката влада ќе има задача за непречено одвивање на парламентарните избори договорени за 8 мај.

Претставниците на македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ, иако беа присутни во собраниската сала, не учествуваа на гласањето бидејќи беа против техничка влада што ќе ја предводи Џафери.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, овој ден го оцени како историски.

„Овој ден е историски и за Албанците и за Македонците, како и за сите останати. Заедно ја преземаме одговорноста да ја водиме земјата, не еден позади друг, туку рамо до рамо, заедно, за европска Македонија“, рече тој.

Потсетуваме дека партијата Демократска унија за интеграција е партија произлезена од војната во 2001 година, кога нејзиниот главен столб беше факторизацијата на Албанците во Македонија. Но, во текот на 23 години,  ДУИ се факторизираше само себе си како политичка партија.

Али Ахмети,  лидерот на ДУИ, во името на Албанците и за Албанците, секогаш бил со власта. Некогаш со ВМРО-ДПМНЕ, а некогаш со СДСМ, играјќи на националистичка карта за да се гарантира постојано место во македонскиот парламент.

Дури и на изборите во 2020 година, кога партијата беше на најниската точка пред албанскиот електорат, „џокерот“ во ракавот на Али Ахмети беше слоганот „Време за албанскиот премиер“. Користејќи ја националистичката карта уште еднаш, тој обезбеди уште еден мандат во коалициската влада.

На Албанците им беше кажано дека го одржал ветувањето и дека ДУИ ќе го даде првиот албански вицепремиер, кој повеќе се гордее со својата позиција како заменик на Заев или заменик на Ковачевски, сеедно, отколку за конкретни заложби за граѓаните на Македонија.

Али Ахмети и неговата партија ДУИ, 23 години го присвојуваат секој атрибут во Македонија, монополизирајќи го секое достигнување во државата, особено пред Албанците.

„Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивање зелено светло за членство во ЕУ“, изјави во саботата првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Овие достигнувања несомнено не се припишуваат само на ДУИ, туку на целиот албански фактор во Северна Македонија, политички и неполитички. Но, главен корисник останува самиот Али Ахмети и неговата партија.

ДУИ, како политичка сила родена по меѓуетничката војна во 2001 година меѓу Албанците и Македонците, токму благодарение на етничката омраза меѓу нив, се чини дека сè уште го држи запален факелот на национализмот. Оваа оваа партија дури и во името на демократијата не успеа да ја поништи сенката на национализмот, трансформирајќи се во националистичка партија.

Политичкиот дискурс „ние сме Албанци, тие се Македонци“, создава голема празнина во оваа земја, а како резултат на тоа се будат националистичките реминисценции од минатото, како што за жал видовме деновиве, додека првиот албански премиер положи заклетва.

Изборот на првиот албански премиер во Северна Македонија, кој Али Ахмети го нарекува историски настан, всушност произлегува од договорот познат како „Пржински“, постигнат во 2015 година, за решавање на тогашната политичка криза во земјата. Според договорот, Владата поднесува оставка 100 дена пред денот на изборите и се избира техничка влада.

Одредбите од Пржинскиот договор се дел од Законот за Влада, каде меѓу другото се предвидени повеќе министерски и вице-министерски места за опозицијата. Договорот од Пржино јасно ги нагласува техничките надлежности на Владата и таа не може ништо друго освен технички да ги подготви изборите.

Всушност, самиот договор на Пржино ја поткопува демократијата во земјата. Принудени да се спроведуваат во мрачно време за Северна Македонија, изненадувачки сè уште продолжува да се спроведува секогаш кога има избори.

Денес, кога Северна Македонија е членка на НАТО и од 2022 година се отворени преговорите за членство во Европската Унија, неприфатливо е да постои оваа техничка влада, која ја поткопува самата демократија на земјата.

Но, овој елемент од овој договор Али Ахмети сè уште го користи како изборно ветување за Албанците, нудејќи им празно столче.

Дури и за парламентарните избори во Македонија што ќе се одржат на 8 мај, тој рече дека „време е владата да биде мандатар со албански премиер“, продолжувајќи со истото ветување како пред четири години.

Марјана Дода, Argumentum.al

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ