сабота, 22 март 2025

Зошто доаѓа до опаѓање на косата и како да го забавите

Опаѓањето на косата е чест проблем кој може да ги зафати и мажите и жените, причините се движат од природно стареење до здравствени состојби и надворешни влијанија.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Генетиката игра голема улога, но и начинот на живот може да има значително влијание. Стресот, исхраната и хормонските промени се вообичаени причини, објаснува Јохан Хелстром, стилист на шведското кралско семејство, пренесува Индипендент.

Најчестите форми на губење на косата се:

  • Телоген ефлувиум (зголемено опаѓање на косата): често е резултат на болест, стрес, породување или нутритивни недостатоци. Може да се појави шест до 12 недели по активирањето.
  • Кршење на косата: резултат на сувост и оштетување, што ја прави косата кршлива и поподложна на кршење.
  • Хормонските промени, лековите, прекумерниот стајлинг или природното стареење исто така може да бидат причини.

Исхраната игра клучна улога – косата е одраз на здравјето на организмот. Недостигот на минерали и витамини може да предизвика опаѓање на косата.

Хранливи материи кои го поттикнуваат растот на косата:

  • Омега-3 масни киселини: јаткасти плодови, чиа семе, лосос
  • Витамини од групата Б: бадеми, интегрални житарки
  • Цинк и железо: Месо, леќа, семки од тиква

Дополнително, миноксидилот и стимулансите на фоликулите можат да помогнат да се стимулира растот на косата, вели трихологот (експерт за проблеми и нега со косата и скалпот) Анабел Кингсли.

Навики кои можат да ја оштетат косата

  • Претесно врзувањето на косата може да доведе до алопеција – ако вашата фризура ви предизвикува главоболка, премногу сте ја затегнале.
  • Четките со природни влакна можат да ги оштетат и косата и скалпот – подобри се флексибилните пластични иглички.
  • Топлинските уреди се еден од најголемите виновници – високата температура ја оштетува косата и предизвикува кршење.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ