среда, 23 октомври 2024
Официјално

ЗОО: Слоницата Дуња беше евтанизирана бидејќи не можеа да ја спасат третмани и операција

Зоолошката градина Скопје официјално соопшти дека вчера азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмијале на зоолошката од Белгија, одлучија со тимот експерти ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови, кои изминатите денови ја прегледуваа, таа да биде подложена на евтаназија. Ова, како што соопштуваат од ЗОО Скопје, било направено бидејќи ниту еден третман, ниту операција не можеле да ја спасат.

Објавено на

часот

Сподели

„Ниту еден третман ниту операција не можеше да ја спаси, а одлуката на сопствениците од Белгија беше од стручниот меѓународен тим за да таа не страда.  Последнава година слоницата Дуња појавуваше симптоми на длабока старост и изнемоштеност и се констатираа повеќе здравствени проблеми кај Дуња, типични за шеестгодишна слоница. Дуња скоро и да не гледаше, имаше проблеми со вилицата и забите, а ден претходно беше направен преглед и констатиран е комплексен дентален проблем. За процесот на обдукција и останките, Зоолошка градина Скопје ги следеше законите и правилата, како и консултации со тим од Факултетот за ветеринарна медицина. Инаку нашата Дуња најголем дел од својот живот го има поминато во шведски патувачки циркус, патувајќи низ цела Европа. Со забраната за користење на животни во циркуси точки, оттаму Дуња и Даела патуваат во Белгија, во еден од најубавите паркови за слонови во светот- „Pairi Daiza”, каде се констатира дека за жал поради трауматичното минато двете слоници Дуња и Даела нема да можат да живеат во социјална група со други слонови. Оттогаш, во 2018 година доаѓаат во Скопје за да ги живеат нивните ‘пензионерски денови’“, велат од ЗОО Скопје.

Од таму додаваат дека посетителите на Скопје ЗОО од 29 септември 2018 имаа прилика да уживаат и да се едуцираат со нивното присуство, а од вчера ја имале само нашата африканска слоница Даела, за чиј статус дополнително ќе се одлучи заедно со европската група за слонови.

„Дуња, бескрајно ќе ни фалиш на сите, ни беше чест што имавме можност да се грижиме за тебе во твоите ‘пензионерски’ денови“, додаваат од ЗОО Скопје.

Евтаназија е постапка при која со помош на лекарства се предизвикува лесна и безболна смрт на болен од неизлечива болест.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ