сабота, 19 октомври 2024

ЗОО Скопје: Инспектори на АХВ без налог влегоа во зоолошката со пушки и убиваа птици (ВИДЕО)

Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство со оружје упаднаа во Зоолошката градина и без никаков налог убија десетина птици, се вели во реакцијата на ЗОО Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Изутринава без налог, решение или каков било друг доказ инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на директорот на АХВ, а без доказ до овој момент убија десетици птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк.

Целта на оваа секташка политика на Владата на Христијан Мицкоски е да се предизвика нов измислен проблем, и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на угледот. За ова дело ЗОО Скопје ќе поднесе кривични пријави против директорот на АХВ како и инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа во ЗОО Скопје“, се вели во реакцијата на скопската зоолошка градина.

Денеска поранешниот директор на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски на фејбук објави дека во зоолошката градина има вирус „птичји грип”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ