петок, 26 јули 2024

ЗНМ: Новинарот Фуркан Салиу да биде пуштен на слобода

Попладневно на социјалните мрежи и на неколку онлајн медиуми беше објавено видео од кое се забележува како повеќе униформирани специјалци од МВР апсат лице кое се наоѓа на земја и не пружа отпор. Непосредно по оваа објава, следеа неколку сензационалистички наслови од медиуми, кои се блиски до политички партии, кои шпекулираат разни основи за притворање на новинарот Фуркан Салиу, а притоа се повикуваат на наводни полициски извори, соопшти попладнево ЗНМ.

Објавено на

часот

Сподели

ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно-политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања.

„Пред малку беше објавена информација на ПорталиX, онлјан медиумот во кој Фуркан Салиу е основач и уредник. Уредничкиот тим на медиумот информира дека денешниот акт на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно диригиран и претставува обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува ПорталиX“, пишува во соопштението на ЗНМ.

МВР претходно објави дека денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во село Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК БВК Коњаре и ФК Куманово, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат.

За време на интервенцијата, како што пишува во соопштението, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С., Н.Ј. и двајцата од Арачиново додека С.Б. од истото село е приведен за учество во тепачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ