понеделник, 20 мај 2024

ЗНМ и ССНМ наведоа кои права на Фуркан Салиу, како на новинар, му се повредени

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ќе поднесат формална претставка до Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи (МВР), за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. Во претставката се истакнуваат повредите на правата на новинарот во три главни точки:

Објавено на

часот

Сподели

1.Непрофесионално однесување и употреба на прекумерна сила при лишувањето од слобода од страна на службени лица, поткрепено со материјални докази;

2.Принудно бришење на видео материјали од новинари, поврзани со инцидентот, спротивно на законот, постапка која е недозволива и отвора многу прашања поврзани со инцидентот и потенцијалната потреба да биде нешто скриено од јавноста; и

3. Незаконски претрес на приватно моторно возило;

ЗНМ и ССНМ бараат внатрешната контрола да ги испита овие наводи веднаш, а МВР да преземе соодветни чекори против инволвираните службеници за време на целиот инцидент.

„Особено е критично ова да се случи што побргу, бидејќи сме во чувствителен предизборен период. Ова е суштински за да се одвратат потенцијалните идни сторители на повреди на правата на медиумските работници, а со тоа да се заштити слободата на изразување.

Укажуваме дека лишување од слобода на новинари, особено кога тоа се случува при извршување на нивните професионални обврски, е недозволива мерка, посебно во услови кога има индициии дека се прават неколку пропусти при вршење на истата. Потребно е полицијата строго да ги следи утврдените процедури и законот во овие случаи, за да се спречи каква било повреда на правата на новинарите“, се вели во соопштението на двете новинарски организации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ