петок, 14 јуни 2024

ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, во нивното соопштение тие се обидуваат да направат конспирација дека „на мета се само компании во сопственост на македонски бизнисмени“, со што се остава впечаток дека останати бизнисмени кои не се етнички Македонци не се од интерес на новинарите во Македонија. Ваквиот наратив е опасен зошто се прави обид за етничка дискриминација во која скриената порака е дека новинарите се селективни, а ова пак може да предизвика и кривични дела од говор на омраза како и насилство кон поединци од медиумскиот сектор. Доколку лица од менаџментот на „Фероинвест“ имаат сознанија за други кривични дела од останати компании во државата, без разлика на етникумот на менаџерите во овие компании, тие се должни да дадат исказ во надлежните институции“, пишува во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

Според двете здруженија, освен етничката нота во соопштението на „Фероинвест“, се забележува агресивен и клеветнички говор кон ИРЛ во делот од соопштението на компанијата во кое пишува …„после секоја од серијата нивни крајно невистинити, тенденциозни и манипулативни емисии и написи за компаниите на Кочо Анѓушев…“.

„Овој пристап повторно може да ги направи цел на идни закани и напади медиумските работници, a со тоа и директно да се загрози слободата на изразување и да креира амбиент на самоцензура кај сите новинари. Трето, преку овој дел од соопштението: „ги повикуваме финансиерите на овој портал, кои порталот ги прикажува како свои поддржувачи, да проценат дали вреди да ги поддржуваат овие појави, од кои се дистанцира професионалната медиумска фела, и дали стојат зад нивните текстови и зад атаците кон македонскиот бизнис и бизнис личности“, се прави јавен притисок не само кон ИРЛ, која е многу пати наградувана редакција токму поради своите новинарско – истражувачки трудови, туку и кон донаторите кои ја поддржуваат нивната работа и општо истражувачкото новинарство во Македонија“реагираат од ЗНМ и ССНМ.

Индикативно е, велат од ЗНМ и ССНМ,  што ваков јавен притисок за работата на ИРЛ се прави пред да се објави нивната емисија, а поврзана за работата на фирмите во рамки на „Фероинвест“.

„Токму ова, но и грубиот говор како и поттикнувањето на омраза на етничка основа во нивното соопштение, остава сомнеж дека тие сакаат да ја попречат работата на ИРЛ а со тоа и да ги демотивираат останатите новинари и медиуми да имаат интерес за работата на оваа компанија“, пишува во реакцијатта на ЗНМ и ССНМ.

Оттаму потсетуваат дека доколку менаџментот на „Фероинвест“ има искрен проблем со објави од било кој медиум има законски инструменти и тоа: барање на исправка или демант, а освен ова, медиумските саморегулативни механизми преку Советот на честа при ЗНМ и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) се на располагање на сите граѓани кои сметаат дека не се запазени професионалните стандарди во медиумското известување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ