сабота, 27 јули 2024

ЗНМ бара извинување за јавните омаловажувања кон новинарот Сабриоски објавени на Цивил Медиа

Објавено на

часот

Сподели

Во колумната авторот на текстот Љубомир Костовски, се наведува во соопштението од ЗНМ, на непристоен начин го коментира личниот изглед и стилот на облекување на новинарот од ТВ24, Сунаи Сабриоски, а притоа прави обид за негова дискредитација и на медиумот во кој тој работи.

„Укажуваме дека слободата на изразување потребно е да се промовира и негува како една од најважните човекови права, но истовремено потребно е да се знае дека остварувањата на овие слободи вклучуваат обврски и одговорности. Неспорно е правото на јавна критика, но критика на физички изглед или стил е крајно омаловажувачко и непристојно. Освен ова, Костовски во својата објава додава: „Другите телевизии даваа граѓани кои едноставно оделе во Тинекс и други шопинг центри каде цените – јасно кажаа – се замрзнати. Е, тоа е разликата која чисто покажува дека ТВ 24 е најизразениот идеолошки јаничар на овдешната ТВ сцена“, пишува во соопштението.

Од ЗНМ нагласуваат дека објавување на ваков тип на содржина за колегата Сабриоски, но и користење на ваков вокабулар кон било кој медиум, може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица. Омразата директно може да ја загрози безбедноста на новинарите и останати поединци со што кривична одговорност освен сторителите имаат и оние кои ги поттикнале делата од омраза.

„Уредничкиот тим на овој медиум, не смее да се затскрива зад правото на став и колумна на своите соработници и тие имаат обврска да укажат кога со одредени написи може да се загрозат туѓи права како што е во случајов правата на колегата Сабриоски, но и правата на потенцијално други медиумски работници од оваа телевизија“, се подвлекува во соопштението од ЗНМ.

Оттука, ЗНМ го повикува авторот на текстот Љубомир Костовски и уредникот на онлајн медиумот Цивил Медиа јавно да му се извинат на новинарот од ТВ24 Сунаи Сабриоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ