сабота, 18 јануари 2025

ЗНАМ: СДСМ-ДУИ-Левица ја опструираат работата на Собранието

Пратеничката група на движењето ЗНАМ обвини дека СДСМ, ДУИ и Левица се обидуваат да ја опструираат работата на Собранието и носењето на важни закони.

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски рече дека вакви обиди ќе има и понатаму, но дека како пратеничка група тоа нема да го дозволат.

„Овие партии успеаја да го обесмислат институтот опозициски пратенички прашања на тој начин што наместо самите да ги поставуваат прашањата, бараа паузи и одлагање на седницата. Левица на собраниската седница побара пауза, а ние мислевме дека тоа е за да ја соберат својата пратеничка група и да бидат присутни. По паузата ниту еден претставник на политичката партија Левица не беше присутен. Веднаш потоа нивниот главен коалициски партнер ДУИ повторно побара пауза, наводно затоа што не биле материјалите преведени и на албански јазик, иако сите се уредно преведени. Очекувавме дека и нивниот најмал коалициски партнер СДСМ да побара пауза. Главната цел зошто ова го прават е друга – опструкција на работата на Собранието и на многу важни закони кои што се на дневен ред, а со кои ќе се одблокира процесот со кој околу илјада инспектори во државните инспекторати да си ја земат платата. Да не ги правеа овие опструкции, овие инспектори најверојатно веќе ќе си ја земеа платата. Оваа коалиција која се официјализира во Собранието ни покажува дека не само во врска со ова, туку и за многу други теми заедно ќе соработуваат и понатаму ќе се обидат да ја опструираат работата на Собранието и целата реформска агенда“, рече Карапејовски.

Пратениците од македонската опозиција на почетокот на вчерашната собраниска седница реагираа во однос на тоа што седниците се закажуваат во последен момент и дека се закажуваат во петок кога обично имаат средби со граѓани.

„Согласно член 8 став 1 алинеја 1 од Законот за Собранието пратеникот покрај редовната работа во Собранието, остварува и контакт со граѓани. Согласно член 36 став 2 од Законот за Собранието секој петок се определува како ден за контакт на пратениците со граѓаните, избирачите во избирачката единица. Од нашиот координатор бевме информирани дека на последната координација е договорено петок да нема седници за пратениците да можат да остваруваат контакт со граѓани во нивните избирачки единици. Јас не знам какво е ова одржување на седница во петок која е закажана од денес за денес. Решението е од 17 јануари. Од петок за петгок. СМС добивме во 9:45 часот наутро дека за три часа ќе има седница. Дел од колегите од нашата пратеничка група имаа закажано средби со граѓани. И јас имав закажано средби. Среќа што ми откажаа за утре. И немаше да дојдам. И што ќе беше после муабетот? Овој не доаѓа и затоа нема право на патни трошоци. Ова сега се финти. Вака финти ќе правиме. Од петок за петок ќе закажуваме седници? За да правите земање патни трошоци преку 10.000 евра годишно, така? И како знае мнозинството дека денеска ќе има седница? Зошто опозицијата не знае“, рече Сашко Јанчев од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ