понеделник, 21 октомври 2024

ЗНАМ сака да има заменик директор во Царина

По скратена постапка во собраниска процедура е новиот предлог закон за дополнителен заменик директор во Царинската управа. Со измената во законот се бара во Царинската управа освен директор и заменик директор, да има уште едно место – заменик директор. Актуелниот директор е од ВМРО-ДПМНЕ, заменикот е од коалицијата Вреди, па се претпоставува дека за ова место најголем е интересот од ЗНАМ.

Објавено на

часот

Сподели

Предлагачи на оваа законска измена се пратениците Бобан Карапејовски, Даниела Белимова, Павле Арсовски и Миле Цеков од ЗНАМ, а од ВМРО-ДПМНЕ се Бојан Стојаноски, Жаклина Пешевска и Тони Јаревски.

Бобан Карапејовски вели дека законското решение е на барање на Царинската управа за поефикасно работење на оваа институција која се соочува со зголемен обем на работа. И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски вели дека треба да се подигнат перформансите на институцијата.

Директор на Царинската управа е Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, а негов заменик е Гарип Каба од Вреди. Советник на директорот е Горан Геровски, кој е најсериозниот кандодат за новото замничко место во царината.  Тој беше на 13-то место на листата на ЗНАМ во првата изборна единица на последните парламентарни избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ