сабота, 11 јануари 2025

ЗНАМ бара опозицијата да ѝ најде замена на Даути на која ѝ беше изгласана интерпелација во Собранието

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија соопшти дека Илире Даути е разрешена со интерпелацијата и дека таа повеќе не може да ја извршува функцијата претседател на Комисијата за  социјална политика, демографија и млади во Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

„Сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието дека со изгласувањето на интерпелацијата не следува и разрешување на претседателката на Комисијата, госпоѓа Даути. Од вчерашната седница на Собранието, на која беше изгласана интерпелацијата за г-ѓа Даути, за нас исходот е многу јасен. Собранието на Република Македонија утврди одговорност кај госпоѓа Даути, таа несомнено го прекршила Деловникот, а санкцијата за прекршувањето на Деловникот е разрешување за оној што го направил тој прекршок“, наведува ЗНАМ во допис до медиумите.

Според Движењето ЗНАМ, коалициски партнер во Владата, „со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието“.

„Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција“, соопшти  ЗНАМ.

Со 61 глас за вчера попладне беше прифатена интерпелацијата за работата на Илире Даути, поднесена од пратениците на Левица. По изгласувањето на интерпелацијата за Даути, Кабинетот на Претседателот на Собранието прати  соопштение во кое наведе дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство.

Како што посочија од Кабинетот, именувањата и разрешувањата „се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ