сабота, 21 декември 2024

ЗМАИ: Берово е најуспешна општина во однос на отвореноста на буџетскиот процес

Берово е најотворената општина во однос на буџетските процеси, покажа анализата на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) ЗМАИ за Индексот за отвореност на општините за 2023 година. Ова е прва година кога една од општината имаше сеопфатна отвореност со 80 поени. На градоначалникот Звонко Пекевски му беше доделен сертификат за сеопфатна отвореност, како признание за работата во оваа област.

 

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот ја анализира состојбата во 80 општини и градот Скопје, при што просечната вредност на индексот за 2023 година изнесува 37,4 поени, што укажува на значителен простор за подобрување на отвореноста на општините. Најголемиот дел од општините покажуваат минимална или недоволна отвореност на буџетските процеси, со што јасно се укажува на потребата од континуирани напори за подобрување на нивната транспарентност и отчетност.

Виктор Митевски, директорот на ЗМАИ истакна дека позитивно е дека имаме напредок на ниво на сите измерени димензии, но сепак напредокот не е доволен.

„Она што секогаш не изненадува е ниското ниво на вклученост и правичност во буџетскиот процес на општините. Потребно е граѓаните да го гледаат Буџетот како свој, а општините да им дадат простор да ги кажат своите барања и да ги поддржат проектите. Ваквите истражувања прават притисок на општините за позитивен натпревар, секое мерење ги поттикнува општините да бидат подобри“, додава Виктор.

Звонко Пекевски, градоначалникот на Берово истакнува дека навистина се труделе да го усовршат буџетскиот процес, не очекувале дека ќе избијат највисоко на листата. Вработените посветено работеле на следење на сите законски обврски, како и добра и отворена комуникација со локалното население на ниво на целата општина.

Методологијата која ја спроведува ЗМАИ за оваа потреба е препознаена и на меѓународно ниво. Од оваа година ЗМАИ работи на следење на буџетските процеси и во неколку општини во Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ