сабота, 27 јули 2024

Злато за Арсовски и бронза за Илиевска на „Париз опен“

Објавено на

часот

Сподели

Најголем херој во македонскиот табор беше Жарко Арсовски, кој беше најдобар во категоријата за каратисти со 84 и повеќе килограми. На патот кон златото тој успеа да ги совлада повеќекратните светски и европски шампиони како Италијанецот Стефано Мунисалко, од кого беше подобар во полуфиналето, односно Германецот Енрико Хенеко, кого го совлада во финалната борба.

Претходно, Наташа Илиевска, најдобрата спортистка на Македонија за 2011 година, успеа да дојде до бронзениот медал.

„Задоволни од настапот и од двете освоени одличја на турнирот. Уште еднаш ја покажавме извонредната класа, која ја поседуваат нашите каратисти. Доколку не беа одредени повреди на дел од нашите репрезентативци, верувам дека ќе се вратевме и со уште подобри резултати. Сепак, одлично ја почнавме 2012 година и се надевам дека така ќе продолжиме“, вели Бошко Заборски, селекторот на нашата карате-репрезентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ