Според тетовската полиција, кражбата се случила денеска меѓу 11 и 12 часот на улицата Благоја Тоска во станот на З.Ј. (62).
„Засега непознати лица ја обиле цилиндар-бравата на влезната врата од станот, целосно ги пребарале сите простории и од спалната соба одзеле повеќе од 10 парчиња златен накит, поголема сума пари, пиштол со калибар 7,62 милиметри, двоглед и нож со метална рачка“, информираа од тетовската полиција.
Случајот во полиција го пријавил сопственикот на станот.