сабота, 27 јули 2024

Златни предмети украдени во Украина завршија во Мадрид

Древни златни артефакти украдени од Украина во вредност од 60 милиони евра се запленети откако крадците биле фатени во обид да ги продадат во Мадрид, соопшти шпанската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Националната полиција на Мадрид во соопштение наведе дека предметите биле изложени во музеј во Киев помеѓу 2009 и 2013 година, од каде што биле прошверцувани во 2016 година.

Сепак, тие не прецизираа за кој музеј станува збор.

Во прашање се 11 парчиња, пред сѐ накит, вклучувајќи ѓердани, нараквици и обетки.

Артефактите датираат од грчко-скитскиот период помеѓу 8 и 4 век п.н.е., соопшти полицијата, пренесе Ројтерс.

Крадците фалсификувале документи за артефактите за да изгледа дека ѝ припаѓаат на Украинската православна црква, соопшти полицијата.

Тројца шпански државјани и двајца украински државјани се уапсени во рамките на истрагата, која започна во 2021 година, откако едно од парчињата, златен појас со глави на овни, било продадено во Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ