сабота, 27 јули 2024

Зивчевиќ: Во Шведска дојдов да победувам

Објавено на

часот

Сподели

Ова се зборови на македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Зивчевиќ, кој од пред неколку дена е нов член на „змејовите“ од Сундсвил со кои потпиша договор до крајот на сезоната, за шведскиот весник „Дагбладет“. Некогашниот македонски шампион со Работнички сезоната ја почна во украинска Политехника Лвов, а потоа премина во скопска Лирија, каде што на осум меча имаше просек од 17,4 поени, 4,4 скока и 3,1 асистенции.

„Никој не памети кој играл солидно ако тимот губел. Не сакам да играм за лузерски екипи. Затоа кога дојде понудата од Сундсил и кога видов дека тоа е актуелен шампион на Шведска и меѓу најдобрите на табелата сезонава, кај мене немаше дилема дали ќе ја прифатам поканата за договор“, изјави Зивчевиќ.

Главна причина за напуштањето на Украина била малата заинтересираност на тамошната јавност за средбите од кошаркарскиот шампионат.

„Сакам да играм пред многубројна публика. Во Украина тешко можеше да се забележи некој гледач на трибините поради што ми беше психички напорно да се сконцентриран на натпреварот. Поради тоа и целиот тим играше лошо поради што решив да се вратам во Скопје. Во Лирија беше подобро, во Македонија во моментов владее кошаркарска еуфорија, но и покрај тоа решив да дојдам во Шведска. Се надевам дека ќе му помогнам на својот нов тим“, дополнува Зивчевиќ.

Првите импресии од далечната Скандинавија за популарниот Зивче се позитивни.

„Играчите се однесуваат пријателски, тренираме добро, но засега не можам да кажам како ќе биде бидејќи немам никаква информација за другите тимови во лигата“, објаснува кошаркарот, кој има и српско државјанство и кој, за жал, не може да игра за Македонија бидејќи во младинските категории настапувал за селекцијата на северниот сосед.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ