сабота, 27 јули 2024

Зинедин Зидан ќе биде замената на Клоп во Ливерпул?

Од Шпанија пристигнува шпекулација која вели дека Зинедин Зидан е идентификуван како наследник на Јирген Клоп, наводно стратегот го одбил Алжир за да седне на клупата на Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

„Црвените“ се во потрага на нов тренер откако Јирген Клоп реши да се повлече од кормилото по крајот на сезоната.

Чаби Алонсо се посочува како главен кандидат, но во бележникот на Ливерпул има уште неколку имиња.

Од Шпанија пристигнува информација дека Зинедин Зидан е една од опциите, наводно стратегот го одбил Алжир за да може да се пресели на Енфилд.

Се шпекулира дека веќе бил остварен контакт и опипан терен, Зинедин Зидан е привлечен од идејата да го превземе кормилото на Ливерпул и да биде на чело на „солиден проект“.

Сепак, новинарот Бен Џејкобс има други информации, тој вели дека Зинедин Зидан не е помеѓу тренерите кои раководството на Ливерпул ги разгледува.

Исто така, стратегот во минатото меѓу редови навести дека нема да се пресели во Премиерлигата поради тоа што не го владеа толку добро англискиот јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ