четврток, 2 јануари 2025

„Зимска приказна“ во Битола

Новогодишната „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со концерти и театарски претстави за деца кои ќе се одржат во старата битолска чаршија и на платото од Офицерски дом.

Објавено на

часот

Сподели

Според програмата претпладнево членови на општинската организација на „Црвен крст“ ќе ја изведат театарската претстава „Зошто Дедо Мраз носи црвено?“, а за најмладите, различни групи и актери ќе ги изведат претставите „Снежилка и Дедо Мраз“, „Пишувајте му писма на Дедо Мраз“, „Пипи долгиот чорап и снежната кралица“, „Новогодишни подароци“ и „Кралот Студ и Дедо Мраз“.

Во старата битолска чаршија денеска ќе настапат членовите на студиото Езгија кои ќе приредат концерт на изворни инструменти, како и групите „За мерак“ и „Ѓердан“ со што ќе биде заокружена дневната програма.

Во вечерната програма на платото пред Офицерски дом во Битола ќе настапат групите „Еликсир бенд“, „Чоканче“ и „Паркети“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ