сабота, 4 јануари 2025

Зимбабве ја укина смртната казна

Зимбабве официјално ја укина смртната казна вчера, откако претседателот Емерсон Мнангагва потпиша закон со кој казните на околу 60 осуденици на смрт се менуваат во затворски казни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјата има мораториум на егзекуциите од 2005 година, но судовите продолжија да изрекуваат смртна казна за злосторства како што се убиство, предавство и тероризам. Законот предвидува дека судовите повеќе не можат да изрекуваат смртна казна за какво било кривично дело и дека постојните смртни казни се заменуваат со затворски казни. Но, исто така, се предвидува дека во случај на вонредна состојба, смртната казна може да биде вратена.

На крајот на 2023 година, најмалку 59 луѓе чекаа смртна казна во Зимбабве, се вели во соопштението на невладината организација Амнести интернешнал, поздравувајќи ја одлуката на Зимбабве како „историски момент“.

„Ги повикуваме властите брзо да се придвижат кон целосно укинување (…) со отстранување на клаузулата што дозволува повторно користење на смртната казна во вонредна состојба“, соопшти Амнести.

Амнести интернешенел забележа најмалку 1.153 егзекуции во 16 земји во 2023 година, што е за 31 отсто повеќе од претходната година. Во извештајот објавен оваа година, организацијата вели дека речиси три четвртини од земјите во светот ја укинале смртната казна, било во закон или во пракса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ