сабота, 27 јули 2024

Зимава ќе имаме струја, уверуваат од ЕСМ

АД ЕСМ се подготвени претстојната грејната сезона, констатирале денеска генералниот директор на компанијата, Васко Стефанов и директорот на производство од термоелектрани, Љубчо Кижевски со стручниот колегиум на РЕК Битола. На состанокот, како што информираат од ЕСМ, било истакнато дека се преземени сите неопходни чекори, во сите подружници на компанијата за да се обезбеди и годинава стабилно производство на домашна електрична енергија.

Објавено на

часот

Сподели

Најголемиот производствен капацитет на Државните електрани, РЕК Битола, денес работи со сите три блока на мрежа. Залихите на ископан јаглен во РЕК Битола во моментов изнесуваат околу 450.000 тони, а откриени се доволни количини и во рудниците за континуирано снабдување на термоелектраните.

Согласно потребите на потрошувачите и на универзалниот снабдувач, АД ЕСМ изготви производствен план кој и оваа грејна сезона треба да гарантира непрекинато снабдување со струја на граѓаните“, се вели во соопштението.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ