вторник, 22 октомври 2024

Зима и студено време, најмногу снег во Дебар

Објавено на

часот

Сподели

Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка – 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија.

„Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40,  во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14,  во Прилеп 13, во Куманово и  Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5“, информира УХМР.

снежно

За денеска претпладне се најавува променливо облачно и студено, понекаде и особено во источните делови ќе провејува слаб снег. Од пладневните часови во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец над 70 километри на час.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, студено и ветровито, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено изразен на повисоко и во источните делови од регионот. Максималната температура ќе достигне 5 степени. 

                                                                                 Фотографиите сенаправена утрово во Маврово 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ