сабота, 27 јули 2024

Зијадин Села: Алијанса има капацитет за самостоен настап на изборите

Алијансата за Албанците има капацитет сама да излезе на избори и да биде конкурент на ДУИ и да ја победи, изјави поранешниот претседател на таа партија, Зијадин Села, актуелен пратеник и претседател на Централното собрание на Алијанса.

Објавено на

часот

Сподели

„Опстојувам на тој став, но има време за да се донесе одлука во рамки на партијата за тоа во каква форма на изборен натпревар ќе истрчаме, рече Села за 360 степени.

За варијантата за уште поширок предизборен фронт во кој заедно со СДСМ би биле и нејзините владини партнери, ДУИ и Алијансата за Албанците, Села нагласи дека не поддржува таква идеја. Како „стар“ противник на ДУИ, Села рече дека на прашањето за зеднички настап со СДСМ, одговори дека неговиот став е познат, но дека само Централното собрание може да носи одлука од таков вид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ