сабота, 27 јули 2024
Подготвен е да почне нов проект

Зидан сака да се врати на тренерското столче, еден клуб му е приоритет

Објавено на

часот

Сподели

Зинедин Зидан се раздели со Реал Мадрид во мај 2021 година, неговото име често се поврзуваше со голем број на клубови, но до сега не го привлече ниту еден проект.

Сепак, работите можат да се променат ова лето, според пишувањата на Радио Монте Карло, Зинедин Зидан сака да се врати на тренерското столче.

Приоритет на Французинот е кормилото на Јувентус, но проблем може да биде тоа што Масимо Алегри има договор до 2025 година со плата од 7 милиони евра нето и неговиот отказ може да ја чини „старата дама“ околу 20 милиони евра.

Во меѓувреме, Л’Екип објави дека Зинедин Зидан е главен фаворит за тренерското столче на ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ