„По повод учество на меѓународен натпревар кој се одржуваше во Кикинда, Војводина, Република Србија, наша делегација од здруженијата на индивидуални производители и мали семејни бизниси, Ж’та и Винотек, со поддршка од Општина Кавадарци, беа учесници и почесни гости на домаќините. Членови на здружението на мали дестилерии Ж’та, освоија прво и второ место во лозова ракија, златна награда во производство на вилјамовка и трето место во севкупен пласман, појасни Арсовски.
Тој потсети дека за неколку дена, на 24 мај, го организираат фестивалот Ракијада Тиквешија 2023, во Вински музеј Кавадарци.