среда, 11 декември 2024

ЖРК Ѓорче Петров направи голем успех, но целите се уште повисоки

Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров го надмина минатогодишниот успех и стигна меѓу осумте најдобри во Европскиот куп, но двојките немаат намера да застанат тука, целат кон уште повисоки успеси.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорчепетровки утре ќе го дознаат противникот за четвртфиналето од Европскиот куп, тренерот Симе Симовски презадоволен од досегашниот успех вели дека без разлика која ќе биде следната пречка, целта е победа.

„Благодарност до клиниката Жан Митрев, до управата на клубот, но пред се до ракометарките кои овозможија да мрднеме едно ниво погоре од минатата сезона, да стигнеме меѓу осумте најдобри во Европскиот куп, што многу значи за македонскиот ракомет“, вели тренерот Симовски.

„Јас сум пресреќен човек што сум во вавко одбрано друштво, ракометарките ме прават среќен кога гледам на терен како не се штедат да го презентираат клубот. Со нивното залагање и пожртвувваност ми даваат крилја и мене уште повеќе да се вложам. Нема да застанеме тука иако ова е голем успех. Не знаеме со кој ќе играме во следно коло, но не запираме тука, продолжуваме со работа и со надградба и на стручен штаб и играчки“.

„Ова цело патување ќе ми биде многу мило и драго затоа што успеавме да направиме да приоработи инаетот кај нас, нема добри и лоши, високи и ниски, има само тие кои сакаат да играат и да даваат максимум. Целите на клубот ги правиме со управата, нив ќе ги презентираме во иднина. Но немаме намера да застанеме тука“.

„Овие девојки кои се борат за Ѓорче Петров, иако дел од нив се заборавени од некои структури, тука покажуваат дека можат да играат тактички, технички, да играат на високо ниво. Без разлика што ова е трето по ранг натпреварување, нас многу ни значи“.

Ракометарките се мотивирани да продолжат да работат напорно, да се надградуваат и да продолжат да ја креваат летвичката на успехот.

„На почетокот на сезоната тргнавме со една цел, што подалеку да стигнеме до Европа, минатата година стигнавме до осминафиналето, се надевавме дека сега ќе одиме подалеку, успеавме, но мотовирани сме да направиме и уште поголем успех, полуфинале или финале. Се надеваме дека следната година ќе играме во Европската лига, па наскоро и во Лига на шампиони“, вели Ангела Цветановска.

„Бевме мотивирани, среќни да ја оствариме таа цел, топ осум е нешто многу добро што ни се случило, ние многу горди на овој успех, но нема да застанеме тука, мотивирани и ќе продолжиме да тренираме и да целиме кон нови успеси“, додава Анастасија Николовска.

На прес-конференцијата беше истакната и посебна благодарност до спонзорот на тимот, клиниката Жан Митрев која исто така има значајна улога во успесите на тимот

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ