среда, 15 јануари 2025

ЖРК Ѓорче Петров има шведска пречка во Европската лига

Македонскиот шампион, Ѓорче Петров го доби противникот во квалификациите за Европската лига, и екипите на Металург и Чаир ги добија противниците за ЕХФ Купот.

Објавено на

часот

Сподели

Ждрепката сакаше противник на ѓорчепетровски да биде шведскиот тим Х65 Хурс.

Ако Ѓорче Петров го помине овој тим, ќе има уште една пречка до групната фаза од Европската лига. Тоа би бил тимот на Париз 92 од Франција.

Првиот натпревар Ѓорче Петров против Хурс го игра на гостински терен на 5/6 октомври, реваншот се игра седум дена подоцна во Скопје.

Денеска беше извршена ждрепката и за ЕХФ Купот.

Чаир како финалист од Купот на Македонија при денешната ждрепката беше во шеширот на носители, додека Металург беше неносител.

Чаир за противник ја доби екипата на Керженг од Луксембург, додека Металург ќе игра против Гореле од Турција.

Првите натрпевари се играат на 5/6 октомври, реваншите се седум дена подоцна. Металург треба прво да игра на домашен терен, а потоа да гостува, Чаир спротивно, прво е гостин, па домаќин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ