сабота, 27 јули 2024

ЖРК Ѓорче Петров го освои Купот на Македонија и завери двојна круна

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров се победнички во Купот на Македонија за оваа сезона откако со 36-24 го совладаа ЖРК Чаир, со овој успех тие ги обединија трофеите откако претходно ја освоија и лигата. За МВП е прогласена Марија Јанкуловска од победничкиот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорче Петров беше фаворит и ја оправда таквата улога. Чаир покажа отпор само во воведниот дел, потоа девојките на Симе Симовски се одлепија, на полувремето заминаа со предност од 19-14.

Во вториот дел го имаа мечот под целосна контрола, постепено ја зголемуваа предноста и на крајот славеа со убедливи 36-24.

Николовска со седум голови беше прв стрелец, Ризовска постигна шест, Коларовски реализираше петпати. За Чаир најефикасна беше Диневска со седум гола.

За МВП на мечот беше прогласена Марија Јанкуловска од Ѓорче Петорв.

Ленора Рахмани од ЖРК Чаир е прогласена за најдобар стрелец, додека Магдалена Којовиќ исто од ЖРК Чаир е прогласена најдобра голманка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ