сабота, 27 јули 2024
Тренерот на Ал Хилал може да ја налути својата ѕвезда

Жорж Жесус со брутална споредба: На Роналдо приоритет му е фудбалот, на Нејмар приоритет му се забавите

Тренерот на Ал Хилал, Жорж Жесус вели дека Нејмар е одличен фудбалер но смета дека Бразилецот има други приоритети во животот и направи брутална споредба со Кристијано Роналдо.

Објавено на

часот

Сподели

Нејмар требаше да биде еден од наследниците не Лео Меси и Кристијано Роналдо, но Бразилецот никогаш не го достигна нивното ниво. Талентот му е неоспорен, но проблем е неговиот животен стил.

Токму ова го потенцираше и Жорж Жесус, тренерот на Ал Хилал направи брутална споредба помеѓу Нејмар и Кристијано Роналдо.

„Кристијано Роналдо има поголема пасија за фудбалот, па затоа фудбалот е неговиот приоритет. Нејмар има пасија за други работи, и тие работу му се приоритет, приватниот живот му е на прво место“ – вели Жорж Жесус.

„Но тој е фантастичен фудбалер. Имав прилика да соработувам со него месец ипол, и можам да кажам дека пријатно ме изненади“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ