сабота, 27 јули 2024

Жоао Феликс во улога на агент, го убедил Бернардо Силва да се пресели во Барселона

Жоао Феликс може да и заврши голема работа на Барселона надвор од терените, Португалецот откри дека го убедил неговиот сонародник Бернардо Силва да се пресели на Камп Ноу.

Објавено на

часот

Сподели

Минатотo лето, Жоао Феликс пристигна во Барселона на позајмица во Атлетико Мадрид и „каталонците“ кројат планови како да го задржат офанзивниот фудбалер и во сезоната 2024/25.

Очигледно Португалецот е среќен на Камп Ноу, и не само што сака да остане, го убедил Бернардо Силва од Манчестер Сити да му се придружи.

„Мислам дека го убедив Бернардо Силва да се пресели во Барселона, тоа е вистина! Но во моментов не зависи само од него“ – вели Жоао Феликс.

„Ме прашуваше за места каде што може да живее, ресторани за јадење, безбедноста во градот, даноци… сѐ!“

„Ако пристигне, сите во Барселона ќе бидат задоволни со него“.

Се верува дека во договорот на Бернардо Силва има откупна клаузула и неговата слобода летоска ќе чини 50-60 милиони фунти.

Парите нема да бидат единствениот проблем, Поругалецот подолго време е на радарот на ПСЖ, а има и клубови од Саудиска Арабија кои се подготвени да му дадат богатство за да се приклучи на фудбалската револуција во оваа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ