сабота, 27 јули 2024
Интервју за српскиот магазин „Профит“

Живко Мукаетов: 72% од нашето производство е за извоз

Објавено на

часот

Сподели

Тој потсети дека за 85-годишниот јубилеј на „Алкалоид“, за историјата на компанијата беше поставена изложба во Музејот на град Скопје.

„Во текот на подготовките добивме сапуни Бекутан со прекрасна порака од човек од Босна, кој претпоставува дека нашите производи ги купил во осумдесеттите години од минатиот век. Имаше и писмо напишано на рака во кое пишуваше: „По сето ова време го задржаа својот квалитет. Ќе продолжиме да бидеме ваши верни купувачи“. Задоволството е навистина големо кога еден бренд ќе стане составен дел од животот на луѓето, нешто во што веруваат со години и чиј квалитет ја оправдува нивната доверба. Но, кога една приказна ќе успее во помали размери, тогаш е нормално да продолжи натаму. Освен во земјите од регионот, извезуваме и во Европската Унија, Источна Европа, Северна Америка, како и во некои земји од Блискиот Исток, а Канада, Италија, Австрија, Шпанија, Португалија, Монголија и Саудиска Арабија се новите пазари кои ги додадовме на списокот во последните неколку години. Глобализација на брендот „Алкалоид“ е патеката на која планираме да останеме фокусирани“, рече Мукаетов.

Тој за присуството на српскиот пазар рече Србија е дел од успешната приказна на „Алкалоид“ веќе осум децении.

„Тоа доволно зборува за пријателството, разбирањето, блискоста на јазикот и за културата, како и за нашата заедничка традиција на овој пазар. Според српските фармацевти, лековите на ‘Алкалоид’ никогаш не излегле од книгите на жолтиот регистар (на лекови). За нас Србија е домашен пазар и првата земја надвор од македонските граници каде што компанијата има сопствено производство и веледрогерија, кои вработуваат повеќе од 150 луѓе. Тоа, исто така, доволно зборува за стратешкото значење на овој пазар за нас. Производствената програма на „Алкалоид“ во Србија опфаќа над 300 производи од областа на фармацијата и на медицината, а, секако, би го споменал и нашиот бренд Бекутан, со кој растеле и растат генерации во регионот“, рече Мукаетов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ