понеделник, 21 октомври 2024

Живко Митревски сака да се врати на чело на ССМ, Слободан Трендафилов го обвини за политичко дејствување

Некогашниот претседател на Сојузот на синдикатита (ССМ) Живко Митревски тврди дека од некогашната министерка Фросина Ременски нелегално бил сменет од функцијата и бара од лидерската функција да се повлече Слободан Трендафилов. Според Трендафилов, Митревски уште живее во минатата деценија и вели дека тоа што тој се јавува сега е вчерашното категорично барање на ССМ до Владата за зголемување на платите, обвинувајќи го за политичко дејствување.

Објавено на

часот

Сподели

Живко Митревски, кој го води Синдикатот за шумарство и дрвна индистрија својата изјава ја започна со тврдењето дека постои допис од Европската Унија за негово враќање за претседател на ССМ и документи од Министерството за труд и социјална политика дека Слободан Трендафилов не може да биде легитимен претседате на ССМ. Тој тврди дека е нелегитимно сменет од функцијата со решение потпишано од поранешната министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.

„Пристигнато е најново барање од страна на ЕУ до претседателот на Владата на Република Македонија, исто така и до министерот за економија и труд со кои бараат елиминирање на сите решенија, посебно на решението на госпоѓата Ременска со кое нелегитимно бев сменет од позицијата претседател на ССМ“, изјави Митревски.

Тој се осврна на барањето на ССМ за зголемување на платите тврдејќи дека актуелниот претседател Трендафилов, (кој пак се појави пред зграда на синдикатот за да ја слушне изјавата, а Митревски побара од него да се одалечи),  ја замајува јавноста.

„Да упатам јавна критика во делот на однесувањето на Трендафилов и замајувањето на јавноста за зголемувањето на платите. Ние како чесни синдикалци ќе бараме зголемување на платите и ќе бараме врз основа со легитимните синдикати да направиме реален социјален дијалог со кој ќе утврдиме зголемување на платите на начин како што е утврдено во нашето законодавство, а не со повикување на нешто што е спротивно на сите стандарди“, рече Митревски.

Трендафилов веднаш му возврати дека ССМ е репрезентативен синдикат и дека остануваат на барањето за зголемување на платите.

„Мене ми е многу жал што Митревски се доживува како да е уште  2017 година. На 11 август таа година беше сменет од функцијата. Поминати се многу години. Ние како ССМ остануваме на ставот дека платите во Македонија мора да се зголемат. Политичките памфлети, политичките напади врз претседател на ССМ, врз ССМ како организација, но со тоа и врз работниците, ги отфрламе и сметаме дека се крајно несериозни особено поради тоа што ССМ е единствениот репрезентативен партнер во оваа држава на владата и особено поради тоа што во изминатиот период успеавме да покажеме дека не само со социјален дијалог туку и со штрајкови и со преговори и со блокади ќе успееме да го направиме тоа што го правиме најдобро за работниците, а тоа е зголемување на нивните плати“, изјави Трендафилов.

Toj додаде дека на Митревски му е најважна фотелјата и истакна дека затоа и му симнале една фотелја од своите простории и ја поставиле пред влезот на ССМ.

По изјавите на двајцата синдикалисти, Трендафилов на Фејсбук oбјави две фотографии и напиша: „Петок, ден за циркус“.

Живко Митрески беше претседател на ССМ до 2017 година кога функцијата ја презеде Дарко Димовски, кој почина минатата година. Потоа, на Конгрес на ССМ одржан на 30 јуни минатата година Слободан Трендафилов беше избран за претседател на ССМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ