недела, 20 октомври 2024

Живеел вонбрачно со 12-годишно девојче, полицијата го приведе

Вчера во 00.30 часот во с.Калково, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода У.Ф.(23) од с.Калково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вонбрачен живот со малолетно лице по член 197 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

Во неговиот дом била пронајдена М.Ј.(12) од Росоман, за која претходно нејзиниот татко пријавил дека се оддалечила од домот и заминала да живее со У.Ф. во неговиот дом.

Малолетничката била предадена на родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ