сабота, 27 јули 2024

Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката

Објавено на

часот

Сподели

Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, во дописот испратен до јавноста велат дека се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште Димо Хаџи Димов во својата моментална состојба. Загрижени се од активностите на општина Карпош за носење нов урбанистички проект за улиците Есперанто и Ангел Динев во населбата Влае 2, токму околу основното училиште.
 

Овој урбанистички проект, тврдат од Иницијативата, би ѝ овозможил на општината да отпочне со работа на терен без претходно изгласување на предлог деталниот урбанистички план (ДУП) од страна на советниците во општината.
 

Жителите се дополнително загрижени, велат оттаму, што по промената на трасата на овие улици ќе се одземе дел од училиштниот двор и ќе се ослободи простор за изградба на 11-катница на просторот на старата траса од улицата, која е државно земјиште што лесно може да се искористи за окрупнување на градежната парцела на сопственикот на бараките кај кино Влае. Тие до надлежните упатија четири брања.

„Молиме советниците на Град Скопје да предложат и да гласаат за повлекување на Регулациски план за Генералниот урбанистички план (ГУП) за Четврт СЗ 19 во Скопје. Ја молиме градоначалничката Арсовка да побара од планерите кои работат на ГУП за Скопје да се задржи постоечката траса на улица „Есперанто“ и да се ограничи домувањето во Влае 2 соодветно на инфраструктурата, без “линиски центри” кои го игнорираат капацитетот на инфраструктурата, со што општина Карпош ќе мора да ја почитува трасата на улицата и параметрите од повисоко ниво во идниот ДУП за овој дел од Влае.  Молиме советниците на општина Карпош да не гласаат за предлог ДУП-от во кој трасата на улица „Есперанто“ е исправена и минува до училиштето, а на нејзината стара траса се нацртани згради. Го молиме градоначалникот на општината Стевчо Јакимовски да го повлече барањето за Урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.1 – Сообраќајни инфраструктури, за Сервисна Улица „С5“ и дел од Сервисна Улица „С4“ од Регулациски план на ГУП за Градска Четврт СЗ 19, Блок СЗ 19.02, до донесувањето на новиот ГУП на Град Скопје и ДУП за Градска Четврт СЗ 19“, велат од Иницијативата.

За таа цел жителите на Влае во недела напладне на плоштад Делфина во населбата ги кани советниците и градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје, на како што велат, маалска дружба. 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ