сабота, 27 јули 2024

Жителите на Рафа бегаат од нападите по израелската наредба за евакуација

Израелската армија денеска изврши воздушни напади врз Рафа, соопштија локалните жители, неколку часа откако Израел им порача на Палестинците да евакуираат делови од градот во јужниот дел на Појасот Газа, каде што се засолниле повеќе од милион луѓе раселени поради војната, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Експлозии се слушаат низ градот додека Израел испраќа пораки до жителите на Газа да ја напуштат областа.

По долгото заканување од страна на Израел, расте стравот од целосен напад врз Рафа, додека преговорите во Каиро за прекин на огнот во израелската војна против милитантната група Хамас се одолговлекуваат.

Официјалниот претставник на Хамас, Изат ал-Рашик, изјави дека секоја израелска операција во Рафа ќе ги загрози преговорите за прекин на огнот, пренесе Ројтерс.

Меѓународната група Лекари без граници денеска објави дека има повеќе од еден милион луѓе во областа Рафа кои побарале засолниште таму бегајќи од израелските напади на Појасот Газа.

Последиците од воената офанзива на Рафа би биле катастрофални. На луѓето во Газа им треба итен и одржлив прекин на огнот, предупредуваат Лекари без граници на социјалната мрежа Икс.

Според Ројтерс, слично предупредување испратил и Египет укажувајќи на опасностите од евентуална израелска воена операција во Рафа, која носи „сериозни хуманитарни ризици“.

Според податоците на Лекари без граници, досега во Појасот Газа се убиени повеќе од 34.000 лица, над 70.000 се ранети. Во израелските напади загинаа најмалку 490 членови на медицинскиот персонал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ