сабота, 27 јули 2024

Жителите на Германија се чувствуваат сè понесигурно

Жителите на Германија се чувствуваат сè понесигурно, при што се забележливи големи разлики во перцепцијата на загрозувањата меѓу граѓаните на источниот и западниот дел од земјата, покажува ново истражување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според актуелното истражувања, 61 отсто од анкетираните граѓани на Германија се чувствуваат безбедно, што е пад на споредбите со последното истражување пред две години“, кажа Ренате Кохер, директорка на Демоскопскиот институт Аленсбах кој го спровел истражувањето наречено „Извештај за безбедноста 2024“. Притоа, како што се наведува, забележлива е разликата во интензитетот и перцепцијата на загрозувањето меѓу жителите од западниот и источниот дел на Германија, значи подрачјата кои некогаш ѝ припаѓаа на Источна Германија.

Неизвесноста околу тоа што носи утре присутна е кај околу 68 отсто анкетирани на истокот на земјата и кај 46 отсто на западот. На истокот на земјата помалку жители ја доживуваат Русија како опасност отколку на западот, но истовремено постои зголемен страв од тоа Германија да биде вовлечена во воен конфликт.

За жителите на источниот дел на земјата најголема опасност претставуваат бегалците и растечките цени на енергенсите, иако стравовите од осиромашување се послабо изразени отколку пред две години и на истокот и на западот на земјата.

„Западот и истокот на земјата во моментов засилено се разликуваат и тоа е проблем на кој му се посветува премалку внимание“, заклучи Кохер. Незадоволството на граѓаните на источниот дел на земјата е видливо и во истражувањата на јавното мислење според кои десничарската партија Алтернатива за Германија во тој регион во моментов е најпопуларна политичка сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ