среда, 30 октомври 2024

Жителите на Чашка не отстапуваат од протестите поради отворање на паралелка на албански јазик

Незадоволни што oд 22 ноември лани не биле ислушани од надлежните институции, родителите на учениците од Основното училиште Тодор Јанев од Чашка, кои се против формирање на паралелка на албански јазик во нивното училиште, веќе трет ден од 7 до 10 часот наутро мирно ги блокираат приодите кон општината, на две места пред галеријата на железничката пруга на влезот во Чашка и на мостот на Тополка во правец на селата Отиштино и Горно Оризари.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Тие втор ден од 7 до 10 часот мирно ја блокираат и работата на Општина Чашка. Воедно поради блокада на патиштата веќе трет ден во училиштето во Чашка не доаѓаат со комбиња ни децата од албанската паралелка во прво одделение и останатите ученици од албанска националност од погорните одделенија, кои се од селата во Општина Чашка, а кои и досега само седеа во училниците но немаа настава, информира за МИА Цвета Пешовска од Советот на родители.

Таа најави дека со мирна блокада ќе продолжат в понеделник со блокирање на други важни институции за работа на Општината. Децата од македонска националност од училиштето во Чашка не посетуваат настава со започнување на протестите од 22 ноември лани, а не продолжија ниту во второто полугодие.

Пешовска нагласува дека не се против децата од албанска националност да учат во училиштето, но тоа да биде во заедничките паралелки со нивните деца на македонски наставен јазик, како што беше досега.

Тие предлагаат посебна паралелка за албански јазик за првачињата да се воведе во друго подрачно училиште во селата во Општина Чашка каде жителите се со албанска националност, но не и во Чашка каде нема ниту еден регистриран жител од албанска националност.

Инаку, таа информира дека протестот бил најавен во СВР Велес и дека трет ден полицијата го обезбедува без никакви инциденти.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на нивните барања пред еден месец им одговори дека во училиштето се исполнети сите услови за формирање на паралелка на албански наставен јазик и најави дека ќе се заложи за смена на статутот на училиштето во Чашка, а кое е на настава на македонски јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ