„Кривичната пријава е поднесена против Ќ.М. од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
Како што соопшти, Ќ.М. на 11 март годинава влегол во канцеларијата на експозитура за брзи кредити и доставил возачка дозвола од друг човек со која сакал неовластено да подигне пари.