недела, 20 октомври 2024

Жител на Долнени изгубил сѐ во пожарот што избувнал во дворот, повредени нема

Вчера во 16 часот било пријавено дека во село Црнилиште, општина Долнени, избувнал пожар во помошна просторија во двор од куќа сопственост на Ѓ.С.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, во пожарот целосно изгорела дрвната кровна конструкција покриена со лимен покрив, околу 300 бали сено, 500 бали сув тутун, машина за нижење тутун, трактор, патничко возило и делумно изгорено уште едно патничко возило.

„Исто така, од пожарот на помошната просторија оштетена е доградбата на новоизградената куќа во истото дворно место. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп. Повредени нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“, соопшти МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ