сабота, 27 јули 2024

Жител на Челопек убил двајца роднини, еден е повреден

Две лица се убиени, а едно е повредено попладнево околу 14 часот во тетовски Челопек, а осомничениот е приведен, информираше СВР Тетово. Убиените и повредениот се роднини со осомничениот за убиството.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници на СВР Тетово во Челопек, го лишија од слобода И.И на шеесетина години од ова село, постапувајќи по пријава дека околу 14 часот во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничниот се здобил со повреди исто така нанесени од огнено оружје. Се преземаат мерки и за расчистување и документирање на случајот“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека според првичните сознанија, двојното убиство во тетовски Челопек е поради нерасчистени имотни односи во семејството. Тој изјави дека во моментот се работи на расчистување на настанот, а наскоро ќе имаат подетални информации.

„Колегите работат на расчистувањето на овој настан, станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство.Тоа се првичните сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме дека наскоро ќе се заокружи целиот процес и ќе имаме детални информации“, изјави вечерва Спасовски, за време на работна посета на ЕВР Гази Баба, во одговор на новинарско прашање.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ